ФОТОГРАФИЈАТА ОД МЕНХЕТЕН ОТВОРИ ЛАВИНА Шефот на бразилскиот фудбал ги однел на Светско и сопругата и љубовницата на трошок на федерацијата
Фотографија од ресторан во Њујорк го стави претседателот на Бразилската фудбалска федерација во центарот на вниманието, а се појавија и тврдења за спорното патување.

Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Самир Сауд, се најде под силен медиумски притисок откако од Њујорк се појавија фотографии на кои е во друштво на жена за која тамошните медиуми тврдат дека му е љубовница.
Сауд веќе две децении е во брак со Наталија Лопес, со која има три деца. Сепак, вниманието на јавноста го привлече фотографија направена во ресторан на Менхетен, на која првиот човек на бразилскиот фудбал е снимен во опуштена атмосфера со фитнес тренерката Кристина Андраде, додека двајцата пијат вино.
Случајот, според дел од бразилските медиуми, не се сведува само на наводна љубовна афера. Новинарот Лео Диас, кој ја објави фотографијата, тврди дека постојат сомнежи и околу финансискиот аспект на патувањето.
Според неговите наводи, Сауд наводно го организирал престојот во САД со средства од Бразилската фудбалска конфедерација, при што во патувањето, наводно, биле вклучени и неговата сопруга и жената со која е фотографиран.
Додека скандалот ја тресе фудбалската јавност во Бразил, репрезентацијата се соочува и со предизвици на теренот. Останува да се види дали случувањата надвор од игралиштето ќе имаат влијание врз настапот на тимот на Светското првенство.


