ТРАМП ОБЈАВИ ПОБЕДА Хутите капитулираа, САД се повлекуваат од Јемен
Претседателот нагласи дека Хутите капитулирале и потврдиле дека нема да продолжат со нападите, а тој ја истакна важноста на оваа одлука како дел од американската воена стратегија во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги запрат нападите врз Хутите во Јемен, откако тие изразија подготвеност да се повлечат од воените дејствија. Оваа одлука беше објавена за време на средбата со канадскиот премиер Марк Карни.
„Синоќа пристигнаа многу добри вести. Хутите ни рекоа дека не сакаат повеќе да се борат. Ние го почитуваме тоа и ќе го запреме бомбардирањето“, изјави Трамп, чија изјава беше пренесена од Белата куќа.
Претседателот нагласи дека Хутите капитулирале и потврдиле дека нема да продолжат со нападите, а тој ја истакна важноста на оваа одлука како дел од американската воена стратегија во регионот.
CATEGORIES Свет


