ТИ СИ МОЈ ПОСЕБЕН ПРИЈАТЕЛ Трамп со емотивна порака до Макрон пред сите лидери

Американскиот претседател зборуваше за долгогодишната соработка со францускиот лидер.

ТИ СИ МОЈ ПОСЕБЕН ПРИЈАТЕЛ Трамп со емотивна порака до Макрон пред сите лидери
Фото: Принтскрин

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Г7 во Евиан изјави дека Франција е голема држава, а Макрон негов близок и посебен пријател, со кого со години успешно соработува на повеќе прашања.

На почетокот на билатералната средба, Трамп истакна дека нивниот однос е „фантастичен“ и му се заблагодари на Макрон за досегашната поддршка и соработка.

Според „Јуроњуз“, американскиот претседател нагласил дека Франција секогаш била конструктивен партнер.

Во својот говор, Трамп се осврна и на настан од UFC одржан во Белата куќа по повод 250-годишнината од САД, споменувајќи дека му се јавил на Макрон за да му честита по победата на француски борец во тешка категорија.

Со шега додаде дека не знае дали тоа за некои е поважно од Светското првенство, на што Макрон реагираше со насмевка.

Трамп ја пофали и француската фудбалска репрезентација, оценувајќи дека Франција има силен спортски тим и одлични спортисти, заклучувајќи дека земјата е „одлична“ и дека му е чест да биде во нејзино друштво.

На самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен, што се одржува од 15 до 17 јуни, учествуваат лидерите на Франција, САД, Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Јапонија, како и претставници на Европската Унија.

ТРАМП ГО ПОНИЖИ МАКРОН – Едвај преживеа удар од сопругата

CATEGORIES
TAGS
Share This