ДОАЃА ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО Попладне дожд, грмежи и силен ветер во Македонија
УХМР најавува топол ден со сончеви периоди, но попладне во повеќе делови од земјата се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Фото: Национал
Времето денеска (16 јуни) ќе биде променливо облачно и топло, со повремени сончеви периоди и дневни температури кои ќе се движат од 12 до 34 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност. На повеќе места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека попладне во одделни делови од котлината се можни краткотрајни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија


