ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИВА Му понудил средба на Путин пред сите светски лидери
Присуството на Трамп и Макрон како можност за заеднички мировни разговори.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека му понудил на рускиот претседател Владимир Путин директна средба за време на самитот на Г7 во француското одморалиште Евиан, со цел да се разговара за можностите за завршување на војната што трае веќе четири години.
Според Зеленски, иницијативата предвидувала состанок во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и другите лидери од Г7, што тој го оценил како „многу добра можност“ за заеднички разговори на највисоко ниво.
„Испративме порака дека сме подготвени да се сретнеме со Путин за време на Г7. Тоа би била одлична можност Европа и Америка заедно да придонесат кон изнаоѓање решение“, изјави Зеленски пред новинарите.
Сепак, украинскиот лидер посочи дека, според неговата проценка, рускиот претседател во моментов „не е подготвен за разговор“ за прекин на конфликтот. Изјавата на Зеленски ја пренесе агенцијата Ројтерс.


