СКОПЈАНЕЦ УКРАЛ ИДЕНТИТЕТ И ЗЕЛ КРЕДИТ Измамата тешка речиси 150.000 денари откриена по години

Осомничениот наводно користел лични податоци на жител од Гевгелија за изработка на лажна исправа и добивање кредит од финансиско друштво во Скопје.

СКОПЈАНЕЦ УКРАЛ ИДЕНТИТЕТ И ЗЕЛ КРЕДИТ Измамата тешка речиси 150.000 денари откриена по години
Фото: Принтскрин

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 55-годишен скопјанец поради сомнение за измама, злоупотреба на лични податоци и фалсификување исправа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот Г.А. од Скопје до 18 август 2022 година без согласност на жител од Гевгелија незаконски ги прибирал, обработувал и користел неговите лични податоци, кои потоа ги искористил за изработка на лажна патна исправа.

Со фалсификуваниот документ, осомничениот аплицирал за кредит во финансиско друштво од Скопје, при што доставил невистинити податоци за својата имотна состојба и други информации значајни за одобрување на заемот.

Од МВР информираат дека на овој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 90.000 денари, додека настанала и дополнителна материјална штета во износ од 58.694 денари. Против него е поднесена соодветна кривична пријава.

CATEGORIES
Share This