СЕ МЕНУВА НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА Еве што повеќе не важи
Нов режим на електронска наплата воведува строги правила за користење на М-таг лентите.

Влегуваат во сила нови правила за наплата на патарина на државните патишта, кои носат измени во користењето на лентите за електронско плаќање и начинот на извршување на трансакциите со различни средства.
Лентите означени за М-таг се наменети исклучиво за возила што користат електронски таг. На нив повеќе не е дозволено плаќање со М-карта (MCard).
Возачите кои плаќаат со М-карта ќе треба да ги користат останатите ленти на наплатните станици, во согласност со нивната намена и сообраќајната сигнализација.
Јавното претпријатие за државни патишта упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги следат информативните електронски табли на патарините, со цел да се избегнат застои и да се обезбеди побрз проток на возила.
ЈПДП СО НОВИ ПРАВИЛА НА ПАТАРИНИТЕ „MCard“ се сели на другите ленти


