ШОК ИСПОВЕД НА АЛКА ВУИЦА Стареењето е ужасно, не сакам да стареам
Искрено признание за естетските зафати што ја подели јавноста.

Пејачката Алка Вуица (65) повторно го привлече вниманието на јавноста со својата искрена исповед за естетските интервенции и ставот кон стареењето.
Таа отворено зборуваше за фејслифтингот што неодамна го направила, нагласувајќи дека не е приврзаник на ботокс и преголема употреба на филери. Според неа, хируршките зафати можат да дадат поприроден резултат, додека претераните интервенции знаат да доведат до непосакуван изглед.
Вуица истакна дека не поддржува криење на естетските процедури, но предупреди дека со нив треба да се биде внимателен и умерен. Таа додаде дека голем дел од изгледот зависи и од генетиката, како и од грижата за себе.
„Стареењето е ужасно, не сакам да стареам“ – изјави таа.
Таа нагласува дека не гледа зошто луѓето постојано би нагласувале колку години имаат.
Пејачката се осврна и на своето минато, признавајќи дека била во улога на љубовница во љубовна афера која предизвика скандал во јавноста. Подоцна изјави дека таквите врски ги смета за понижувачки за жената и предупреди дека ретко кој може да излезе од нив неповреден.
Нејзините изјави повторно ја отворија јавната дебата за естетските зафати, стареењето и односите во јавниот живот.


