ПАРИТЕ ПОД ЛУПА ЕУ воведува контроли што менуваат сè за граѓаните

Под лупа ќе бидат автомобили, недвижности, накит и луксузни стоки.

ПАРИТЕ ПОД ЛУПА ЕУ воведува контроли што менуваат сè за граѓаните
Фото: Принтскрин

Европската Унија усвои нови правила против перење пари (AMLR) кои од јули 2027 година ќе воведат построги проверки на купувачите при поголеми трансакции.

Правилата ќе важат не само за банки, туку и за агенции за недвижности, продавачи на автомобили и луксузни стоки, крипто-платформи, аукциски куќи и други бизниси.

За сите трансакции над 10.000 евра ќе се спроведуваат детални проверки на идентитетот и потеклото на средствата, а плаќањето преку банка веќе нема автоматски да се смета како доволен доказ за легалност.

Компаниите ќе мора да воведат нови контроли, системи и обуки за вработените, со цел да се зголеми транспарентноста и да се спречи перење пари во ЕУ.

CATEGORIES
Share This