КРАЛСКА АГОНИЈА Болна принцеза, затворен син и судска битка што не запира

Судењето заврши, но драмата продолжува: пресудата се очекува преку видео врска.

КРАЛСКА АГОНИЈА Болна принцеза, затворен син и судска битка што не запира
Фото: Принтскрин

Речиси три месеци по завршувањето на судењето по 40 точки од обвинението, меѓу кои и четири за силување, Хојби (29) ќе учествува во изрекувањето на пресудата преку видео врска во понеделник, поради неодредени здравствени причини, објавува Би-Би-Си.

Тој ги негира најсериозните обвиненија, но признава дел од помалите кои се однесуваат на дрога и сообраќајни прекршоци.

Обвинителството бара казна од седум години и седум месеци затвор, додека одбраната смета дека е доволна казна од една и пол година.

Хојби, чија мајка, принцезата Мете-Марит, се приклучи на норвешкото кралско семејство кога тој имал четири години, се наоѓа во притвор од почетокот на февруари.

Полицијата го уапси непосредно пред почетокот на судењето, под сомнение за напад и прекршување на забрана за приближување кон неговата поранешна девојка.

Принцезата Мете-Марит е сериозно болна, а минатата недела Апелациониот суд го одби барањето Хојби да биде привремено ослободен за да може да биде со неа.

Пред нешто повеќе од една недела, таа беше ставена на листата за трансплантација на бели дробови, а оттогаш е видена како го посетува својот син во затвор заедно со принцот Хокон.

ХОИБИ ПРЕД СУД ЗА СИЛУВАЊЕ – Најголем скандал за норвешката монархија

CATEGORIES
TAGS
Share This