ОБЈАВЕН РАСПОРЕДОТ ЗА ПОГРЕБОТ НА АЛИ ХАМНЕИ Повеќедневни церемонии за збогување со Врховниот верски лидер

Церемониите ќе се одржат во неколку градови, со централниот погреб во светилиштето Имам Реза во Машхад.

ОБЈАВЕН РАСПОРЕДОТ ЗА ПОГРЕБОТ НА АЛИ ХАМНЕИ Повеќедневни церемонии за збогување со Врховниот верски лидер
Фото: Принтскрин

Врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, ќе биде погребан на 9 јули во светилиштето на Имам Реза во Машхад, еден од најголемите и најзначајни верски комплекси во земјата. Предвидени се неколкудневни церемонии на збогување и погребни поворки во повеќе ирански градови, соопшти институцијата задолжена за зачувување и објавување на неговото дело, пренесува Иран ТВ Прес.

Според најавениот распоред, првите церемонии на збогување ќе се одржат на 4 и 5 јули во Техеран, во комплексот на џамијата Имам Хомеини. Потоа, на 6 јули е планирана погребна поворка во главниот град, додека на 7 јули слична церемонија ќе се одржи и во светиот град Ком.

Последната и централна церемонија е закажана за 9 јули во Машхад, каде што ќе се изврши и погребот во комплексот на светилиштето Имам Реза.

Организаторите упатија покана до граѓаните и верниците да учествуваат во церемониите, нагласувајќи дека јавноста и религиозните институции ќе имаат важна улога во нивната организација. Се очекува големо присуство на луѓе од целата земја.

CATEGORIES
Share This