ДЕН ЗА ФУДБАЛ Распоред што ветува фудбалски спектакл до зори
Ден полн со спектакли кој може да ја промени сликата во групите.

Некогаш, за сите вистински фудбалски вљубеници низ светот, Мундијалот речиси секогаш започнуваше со настапите на Бразил. Генерации како Пеле, Зико, „вистинскиот“ Роналдо и бројни други легенди ја носеа тежината на фаворитската улога и доминираа на светската сцена.
Но денес, сликата е поинаква. Бразил повеќе не е во самиот врв на најголемите фаворити, а овој состав се соочува и со проблеми со повреди, па неколку значајни фудбалери ќе го пропуштат Мундијалот.
Сепак, и покрај сè, Бразил останува Бразил. Под водство на Карло Анчелоти, селекцијата без Нејмар (барем за овој натпревар) го започнува својот поход кон шестата светска титула со дуел против Мароко. Тоа е дерби на денот, каде Бразил ќе сака да испрати силна порака, но на спротивната страна стои репрезентација која стигна до полуфинале на Светското првенство во Катар, предводена од Ашраф Хакими и неговите соиграчи. Очекувањата се за вистински спектакл, со почеток точно на полноќ.
Програмата ја отвора натпреварот Катар – Швајцарија, додека од 03:00 часот се игра Хаити Шкотска. Особено внимание привлекува и дуелот Австралија – Турција, кој започнува во 06:00 часот, каде ќе се види вистинската сила на Турците предводени од Арда Ѓулер и Кенан Јилдиз, под водство на селекторот Винченцо Монтела.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ГРУПА Б
САНТА КЛАРА – 21:00
Катар – Швајцарија
ГРУПА Ц
ИСТ РАДЕРФОРД – 00:00
Бразил – Мароко
ГРУПА Ц
ФОКСБОРО – 03:00
Хаити – Шкотска
ГРУПА – Д
ВАНКУВЕР – 06:00
Австралија – Турција


