УЗУРПАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ ВО ТРПЕЈЦА Куќа никна на државно земјиште без дозвола

СВР Охрид откри бесправно изградена куќа на државна парцела во Трпејца.

УЗУРПАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ ВО ТРПЕЈЦА Куќа никна на државно земјиште без дозвола
Фото: Национал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот Р.Ѓ. од охридското село Лескоец, поради сомневање за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во селото Трпејца, осомничениот без соодветно одобрение за градба, издадено од надлежен орган, изградил индивидуален станбен објект – семејна куќа.

CATEGORIES
Share This