НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА Пороен дожд, грмежи и силен ветер денеска
Северниот ветер долж Повардарието повремено ќе надминува 60 километри на час.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на одделни места врнежите ќе бидат проследени со грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневната температура ќе се движи од 9 до 25 степени.
Локално се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а долж Повардарието повремено и силен, со брзина над 60 километри на час.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, а во претпладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе достигнува и силни интензитети.
CATEGORIES Македонија


