ГОЛЕМА ПАРТИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА 30% нови лица влегуваат во игра
Следуваат промени и во младинската, женската и ветеранската унија.

Фото: Принтскрин
Реструктуирањето на ниво на општинските комитети и партиската структура е речиси завршено, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по официјалното отворање на салата „Расадник“.
Тој истакна дека околу 30% од новиот состав се нови луѓе кои добиваат можност да се докажат и да работат, не само во интерес на партијата, туку и за државата.
„Остануваат уште мали детали кои треба да се доусогласат во текот на следната недела. Освен новиот состав на Извршниот комитет и новите претседатели на општинските комитети, ќе има освежувања и во другите партиски структури – Унијата на млади сили, Унијата на жени, на ветерани и Патриотскиот институт“, изјави Мицкоски.
CATEGORIES Македонија


