СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО 33 СТЕПЕНИ Попладне дожд, грмежи и можен град
Метеоролозите предупредуваат на локални временски непогоди во попладневните и ноќните часови.

Времето денеска (11.06) ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Минималните утрински температури ќе се движат околу 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 33°C, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. Локално времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд и невреме проследено со појава на град.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и навечер се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината постојат услови за краткотрајно невреме со појава на град.


