ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС Се изведуваат нови материјални докази

На денешното рочиште се разгледуваат материјалните докази предложени од Обвинителството.

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС Се изведуваат нови материјални докази
Фото: Национал

Ново рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се одржува во судницата во Идризово, каде што продолжува судскиот процес со изведување на материјалните докази предложени од Обвинителството.

На претходното рочиште беа презентирани документи поврзани со инспекциските надзори што општинските инспектори ги спроведувале пред избувнувањето на пожарот. Меѓу доказите беа вклучени извештаи за нивната работа, овластувања на градежни инспектори, како и документација за заеднички инспекциски и теренски контроли.

Одбраната и натаму останува на ставот дека обвинението опфаќа премногу лица и дејствија, оценувајќи дека е прешироко поставено. Судската постапка продолжува со разгледување на доказниот материјал што треба да помогне во расветлувањето на околностите поврзани со една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата.

CATEGORIES
Share This