ШАРЕНИТЕ НЕ МИРУВААТ Откриен е „кртот“ што ги разбива протестите против депонијата во Пелагонија

„Ние сме тука за да се избориме за здрава и чиста околина, а не за да некој води свои политички битки на наш грб. Ни требаат решенија, не сценарија.

ШАРЕНИТЕ НЕ МИРУВААТ Откриен е „кртот“ што ги разбива протестите против депонијата во Пелагонија

Жителите на Битолскиот регион излегоа на неколку мирни протести во Битола и Новаци, изразувајќи го своето незадоволство поради можната изградба на Регионална депонија во Пелагонија. Сепак, излегоа сомнежи дека протестите се искористуваат за политички цели.

Според информации на Национал добиени од извори на терен, во Иницијативниот одбор на протестите се инфилтрирани лица поврзани со движењето познато како „Шарените“.

Исти извори тврдат дека како еден од претставниците на протестите се појавува Тони Апостоловски, сомнителен и контроверзен  за кого изнесуваат сомнежи дека делува под политичко влијание. Дополнително, реакција предизвика и предвременото објавување на иницијативата за референдум од негова страна, што, според граѓаните кои протестираат, може да го загрози процесот и да ги изложи потписниците на притисоци.

И покрај овие тензии, локалните жители велат дека нивната определба останува иста – чиста животна средина и транспарентен процес.

„Ние сме тука за да се избориме за здрава и чиста Битола. Апелираме до сите граѓани да не потпаѓаат под евентуални провокации и манипулации“, изјавуваат вистински членови на Иницијативниот одбор кои уште од март протестираат против депонијата.

Во Битола денеска беше и репортерот на Национал:

„Се наоѓаме во Битола, каде што деновиве траат протестите против најавената изградба на регионална депонија во Пелагонија. Но покрај еколошките барања, протестите добиваат и политичка димензија. Според информации до кои дојдовме, дел од организацијата за протести е под влијание на активисти поврзани со т.н. ‘Шарени’, познати по своите антидржавни активности во изминатите години. Еден од нив е Тони Апостоловски, за кого се посочува дека добива насоки надвор од Иницијативниот одбор. Граѓаните изразуваат сомнеж спрема овој самопрогласен лидер на протестите, за кого велат дека протестира заедно со политички лидери каде добива инструкции и дека овие активности имаат за цел да го разбијат граѓанскиот фронт и да го компромитираат легитимното незадоволство на населението.

Вистинскиот Иницијативен одбор, кој официјално стои зад протестите, повикува на единство и вели дека нема да дозволи протестите да бидат злоупотребени за политички агенди. Нивната порака е јасна: борбата е за чист воздух и здрава животна средина – а не за партиски поени.

„Ги повикуваме сите граѓани да останат обединети и да не подлегнуваат на провокации. Ова е наш заеднички интерес – нема место за политички уфрлања и манипулации“ ни изјави претставник од изворниот Иницијативен одбор кој уште од март организираат активности против депонијата.

Од друга страна загрижени граѓани реагираат против уфрлувањето на „Шарените“ во протестите.

„Ние сме тука за да се избориме за здрава и чиста околина, а не за да некој води свои политички битки на наш грб. Ни требаат решенија, не сценарија. Не ни требаше многу да откриеме повеќе пуштени платеници, само видете ги пораките од протестите, иконографијата идентична со препознатливиот знак на шарените кој се користи на протести во Србија и Македонија, злоупотреба и предвремено објавување на иницијативата за референудм со цел обележување на потписниците со што организирањето референдум сега станува мислена именка, сето ова покажува дека зад овие протести стојат шарени платеници“ – се вели во реакцијата од загрижени граѓани.

CATEGORIES
TAGS
Share This