КЕШ ЗА МИР ВО КУЌА Пејачката фрли илјадници фунти за да ги смири бесните Сицилијанци, детали за трансферот

Палермо под полициска опсада и како приватна забава го парализираше историскиот центар.

КЕШ ЗА МИР ВО КУЌА Пејачката фрли илјадници фунти за да ги смири бесните Сицилијанци, детали за трансферот
Фото: Принтскрин

Она што требаше да биде романтична тридневна италијанска бајка за светската музичка ѕвезда Дуа Липа (30) и британскиот актер Калум Тарнер (36), се претвори во вистинска локална расправија. Нивната луксузна свадбена прослава, вредна околу 1,73 милиони долари, предизвика бран незадоволство кај жителите на Палермо поради екстремните безбедносни мерки и блокирањето на градот.

Историскиот центар на Палермо деновиве е под засилени полициски кордони. За потребите на ексклузивните приватни забави, локалните власти целосно затворија клучни јавни простори, вклучувајќи ги плоштадите „Пјаца Сант’Ана“ и „Пјаца Кроче деи Веспри“.

„Три дена сме принудени да ги паркираме автомобилите далечу од работните места и пеш да доаѓаме до нив. Би го разбрала ова ако доаѓа папата, но не и за една пејачка“, изјави Клариса, сопственичка на локален бар.

Незадоволството на сицилијанците брзо ескалираше во јавен протест преку пораки испишани низ градските ѕидови и мермерни столбови. Иако организаторите упорно ги префарбуваа, демонстрантите преку ноќ ги обновуваа графитите со јасни пораки:

За да ги смири тензиите и да го спаси реномето, 30-годишната пејачка наводно применила радикална тактика. Според новите медиумски извештаи, Дуа Липа им исплатила по 5.000 фунти на жителите кои живеат во станови со поглед кон зоните каде што биле одземени јавни простори за свадбените паркинг-места.

Оваа тридневна фиеста всушност е само забава за пријателите. Парот веќе официјално стапи во брак на интимна церемонија во Лондон на 31 мај, во тесен круг на семејството.Парот е во врска од почетокот на 2024 година, а во јуни 2025 година јавно ја објавија свршувачката. Дали парите и гламурот ќе успеат да го засенат револтот на Сицилијанците, останува да видиме до крајот на овој викенд.

CATEGORIES
Share This