ХАВАНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО Започна да дели оружје на граѓаните, страв од американски напад

Политички обвинувања меѓу Вашингтон и Хавана ја зголемуваат нестабилноста.

ХАВАНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО Започна да дели оружје на граѓаните, страв од американски напад
Фото: Принтскрин

Куба наводно започнала со распределба на оружје меѓу дел од своето население, поради страв од можна воена интервенција од САД. Според извештаи на венецуелскиот весник „Верзија Финал“, кубанските власти ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за евентуален напад.

Во извештајот се наведува дека поради зголемено американско воено присуство во регионот, властите во Хавана започнале подготовки за сценарио на можен конфликт. Се тврди дека дел од државните институции и организации веќе разгледуваат вонредни мерки, а се работи и на логистичка подготовка на населбите.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез Париља, ги обвини американските власти, вклучително и државниот секретар Марко Рубио, дека поттикнуваат ескалација и можен воен притисок врз Куба. Од кубанска страна се истакнува дека земјата не претставува закана за безбедноста на САД.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека САД имаат за цел промена на политичкиот поредок на островот, и во повеќе наврати упатил остри пораки кон Хавана.

Според информации, неодамна се одржал редок состанок меѓу високи воени претставници на САД и Куба во областа Гвантанамо, кој двете страни го опишале различно и како „оперативна размена“ односно „позитивна средба“.

Во дел од медиумските извештаи се наведува дека Куба наводно набавила стотици воени дронови и развива планови за нивна можна употреба во случај на напад. Овие тврдења официјално се демантирани од кубанските власти, кои истовремено го нагласуваат правото на самоодбрана.

Односите меѓу Вашингтон и Хавана остануваат длабоко нарушени со децении, а дополнителните санкции и политички тензии во последниот период дополнително ја влошуваат ситуацијата меѓу двете земји.

CATEGORIES
TAGS
Share This