ПАШИНЈАН ОТВОРЕНО КАЖА – Не сме спремни за ЕУ

Ерменија останува во Евроазиската економска унија, со право на вето во одлуките.

ПАШИНЈАН ОТВОРЕНО КАЖА – Не сме спремни за ЕУ
Фото: Принтскрин

Премиерот на Ерменија, Никола Пашинјан, изјави дека земјата во овој момент не е подготвена да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија.

Тој нагласи дека за евентуален референдум за напуштање на Евроазиската економска унија би се размислувало само доколку постои конкретна причина, односно доколку Ерменија официјално поднесе апликација за членство во ЕУ или добие кандидатски статус. Според него, такви услови засега не постојат.

„Објективно, сè уште не сме подготвени. Свесни сме дека ни се потребни реформи за да стигнеме до тој статус“, изјави Пашинјан на брифинг пренесуван од локалните медиуми.

Тој додаде дека Ерменија во меѓувреме ќе работи на забрзување на реформските процеси, но и дека земјата не може да биде исклучена од Евроазиската економска унија, каде одлуките се носат со консензус, што ѝ дава право на вето.

Во меѓувреме, во Ерменија започнаа парламентарните избори, на кои учествуваат 18 политички субјекти -16 партии и два коалициски блока. Меѓу нив се владејачката партија „Граѓански договор“ предводена од Пашинјан, како и опозициските блокови „Ерменија“ и „Силна Ерменија“.

Според податоците на Централната изборна комисија, право на глас имаат 2.485.232 граѓани.

CATEGORIES
Share This