ДРАМА, ЕМОЦИИ И ИСТОРИЈАОтворен јубилејниот „Војдан Чернодрински“ со силни пораки
Документарец и изложба ја оживеаја шестдецениската историја на фестивалот.

Свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се одржа на 5 јуни во Центарот за култура „Марко Цепенков“, со богата програма посветена на шестдецениската традиција на фестивалот.
На отворањето беше прикажан документарен филм за историјата на фестивалот, а беа доделени награди за животно дело на Атила Клинче, Веби Ќерими, Сашо Миленковски и Љубомир Чадиковски, кои добија долги аплаузи и емотивни обраќања за нивната кариера и придонес кон македонскиот театар.
На свеченоста се обратија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја прогласи манифестацијата за отворена и истакна значењето на театарот како простор на вистината и уметничка катарза, како и министерот за култура Зоран Љутков, кој најави реконструкција на прилепскиот театар.
По официјалниот дел, беше изведена претставата „Мачкина глава“, а беше отворена и изложба посветена на историјата на фестивалот. Годинашното издание носи мотото „Храбриот нов театар“ и ќе трае до 12 јуни, со 13 претстави во официјална и придружна програма.


