ОСУМ ЛИЦА ПАДНАА ВО ЕДЕН ДЕН Што им пронајде полицијата?
Полицијата спроведе координирани акции на повеќе локации во Скопје, Тетово и Битола.

Осум лица се лишени од слобода на повеќе локации низ државата во текот на изминатото деноноќие, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации ги привеле Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При контролите кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, како и грутчеста и прашкаста материја.
Во Тетово, на улица „Илинденска“ во 23:40 часот, бил приведен Е.Б. (19) од Тетово, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.
Во Битола, околу 01:00 часот по полноќ на улица „Партизанска“, во близина на спортската сала, полицијата го лишила од слобода С.Т. од Битола, откако кај него исто така била пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно важечките законски процедури.


