ПРОФЕСОР НАПАДНАЛ УЧЕНИЧКА ВО УЧИЛНИЦА – Случајот ја потресе јавноста
Полицијата поднесе кривична пријава против 68-годишен професор од Кичево, по инцидент во училница.

Фото: Принтскрин
Професор во средно училиште во Кичево физички нападнал ученичка во училница, при што таа се здобила со повреди.
Од полицијата информираат дека против З.С. (68) од кичевското село Другово е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“.
Според пријавата, инцидентот се случил додека тој извршувал работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, кога во училницата физички ја нападнал малолетната ученичка од истото училиште. Повредите кај ученичката биле констатирани во Општата болница во Кичево.
CATEGORIES Македонија
