ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД БУТЕЛ И КАРПОШ – ЕВН објави термини и локации

Дел од жителите на Бутел и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали.

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД БУТЕЛ И КАРПОШ – ЕВН објави термини и локации
Фото: Принтскрин

Планирани прекини на електричната енергија денеска ќе има во делови од општините Бутел и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус 3 во општина Бутел.

Од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улицата „Франце Прешер“, во близина на објектот број 141 во општина Карпош.

Дополнително, од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на булеварот „Босна и Херцеговина“ и улицата „Боро Менков“ во општина Бутел.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности за време на најавените технички зафати на електродистрибутивната мрежа.

CATEGORIES
Share This