НЕМА МЕТЕЖ НА ГРАНИЦИТЕ Но АМСМ предупредува на скриена опасност
Сообраќајот се одвива без поголеми застои, но влажните коловози и одроните остануваат ризик за возачите.

Сообраќајот низ државата се одвива без поголеми проблеми, но возачите треба да бидат внимателни поради влажните коловози и можните одрони на повеќе патни правци, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои зголемен ризик од одрони.
Во меѓувреме, на повеќе патни правци низ земјата се изведуваат градежни работи и санации на мостови, поради што е воведен времен режим на сообраќај. Активности се реализираат на делниците Гостивар – Стража, кај мостовите на Вардар во близина на Желино, на скопската обиколница, како и на автопатот Смоквица – Гевгелија.
Дополнително, поради изградбата на Коридорот 10Д, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола е пренасочен по регионалниот пат од клучка Лагово до Тополчани.
Од 15 април, пак, повторно е отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица за сите возила до 3,5 тони.
