ГОЛЕМ ПРЕСВРТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Трамп откри што му ветил Иран
Американскиот претседател тврди дека Иран прифатил да не развива нуклеарно оружје, а откри и детали од разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил да не развива нуклеарно оружје, оценувајќи дека тоа претставува значаен чекор во тековните разговори меѓу двете земји.
Во интервју за подкастот „Pod Force One“, Трамп посочи дека во преговорите со САД е вклучен и иранскиот ајатолах Моџтаба Хамнеи.
„Тие веќе се согласија дека нема да имаат нуклеарно оружје“, изјави Трамп.
Освен за Иран, американскиот претседател зборуваше и за односите со Израел. Тој откри дека неодамна имал тежок разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека не е задоволен од продолжувањето на конфликтите во регионот.
„Не би рекол дека сум лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан“, рече Трамп.
Тој додава дека и понатаму има добри односи со Нетанјаху.
Изјавите на Трамп доаѓаат во период на зголемени дипломатски активности поврзани со иранската нуклеарна програма и безбедносната состојба на Блискиот Исток.


