БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО БУТЕЛ Еве кои улици ќе бидат погодени

Препораки за граѓаните за прилагодување на дневните активности.

БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО БУТЕЛ Еве кои улици ќе бидат погодени
Фото: Принтскрин

Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини.

Според информациите од РЦУК, по известување од ЕВН, прекините ќе се одвиваат во неколку временски интервали. Од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“.

Во периодот од 10:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“.

Дополнително, од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Александар Турунџиев“ и „Рокомија“ во Општина Бутел.

CATEGORIES
Share This