ТРАГЕДИЈА ВО ИЛИНДЕН Загина младиот фудбалер Петар Станисавовски

Жителите на Илинден реагираат и бараат институциите да преземат мерки против ноќните трки и бучавата.

ТРАГЕДИЈА ВО ИЛИНДЕН Загина младиот фудбалер Петар Станисавовски
Фото: Социјални мрежи
Жителите од скопската општина Илинден реагираат и бараат итна интервенција од надлежните институции поради секојдневно дивеење на возачи кои ноќе создаваат силна бучава и сериозна опасност по безбедноста на улиците во населените места.

Во трагичен настан што ја потресе јавноста, животот го загуби младиот фудбалер Петар Станисавовски во сообраќајна несреќа во индустриската зона во близина на населбата Илинден.

Семејствата кои живеат покрај оваа сообраќајница велат дека секоја вечер се соочуваат со страв и несигурност поради несовесни, а често и пијани возачи кои се движат со голема брзина.

Петар, член на фудбалската школа „Гроздановски“, го загуби животот како последица на дивеење од несовесен возач. Од неговиот матичен клуб упатија последно збогување за прерано згаснатиот млад живот.

„Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Тој беше дете и наш член во одреден период од школата, кое остави длабока трага со својата добрина и спомени што ќе останат вечно меѓу сите што го познаваа.

Во овие тешки моменти изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство, брат му Марко, роднините и пријателите. Нека му е вечна слава и вечен помен. Почивај во мир, Петар“, соопштија од фудбалската школа „Гроздановски“.

CATEGORIES
TAGS
Share This