ВОЗАЧИ ВНИМАВЈТЕ Важат нови правила за паркирање во Скопје

Летниот режим на зонското паркирање стапи во сила од 1 јуни и ќе важи во наредниот период.

ВОЗАЧИ ВНИМАВЈТЕ Важат нови правила за паркирање во Скопје
Фото: Принтскрин

Од 1 јуни, стапи во сила летниот режим на работа на зонското паркирање во Скопје, информираат од ЈП „Градски паркинг“.

Според новиот распоред, наплатата за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д ќе се врши од понеделник до сабота, во периодот од 07:00 до 23:00 часот.

Од претпријатието ги повикуваат возачите да се информираат за промените и редовно да ја подмируваат паркинг-услугата согласно важечкото работно време, со цел да се избегнат непотребни санкции и дополнителни трошоци.

Летниот режим ќе важи во наредниот период, согласно програмата за работа на ЈП „Градски паркинг“.

CATEGORIES
Share This