ЕВРОПСКАТА АГЕНДА ПРЕД ПРЕСВРТ Денешната средба Кошта – Мицкоски договорено да биде лице в лице

Претседателот на Европскиот совет ќе разговара со премиерот Мицкоски за проширувањето на ЕУ, регионалната соработка и предизвиците на Западен Балкан, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

ЕВРОПСКАТА АГЕНДА ПРЕД ПРЕСВРТ Денешната средба Кошта – Мицкоски договорено да биде лице в лице
Фото: Принтскрин

Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, денеска попладне ќе престојува во официјална посета на Македонија, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски.

Според информациите од Владата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата лидери, по што ќе следи и заеднички состанок на владината делегација со делегацијата на Европскиот совет. По разговорите, Мицкоски и Кошта ќе се обратат на заедничка прес-конференција во Владата.

Посетата на Кошта е дел од неговата регионална турнеја низ Западен Балкан, која започна вчера. Во рамки на посетите, тој ќе се сретне со лидерите од регионот и ќе биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи на 5 јуни во Тиват.

Во фокусот на разговорите ќе бидат процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција на земјите од регионот, унапредувањето на регионалната соработка, како и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

CATEGORIES
Share This