НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК Дожд, грмежи и силен ветер ќе зафатат делови од Македонија

Променливо облачно време ќе донесе повремени врнежи, а на одредени места се можни краткотрајни невремиња.

НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК Дожд, грмежи и силен ветер ќе зафатат делови од Македонија
Фото: Национал

Времето енеска (02.06) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и температура во интервал од 9 до 31 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

CATEGORIES
Share This