СТОТИЦИ ЛИЦА ПОД ПРИСЛУШУВАЊЕ – Откриени детали за тајните мерки
Извештајот открива зголемена употреба на посебни истражни мерки во кривични истраги.

Јавните обвинители лани издале наредби за примена на посебни истражни мерки (ПИМ) во 44 нови случаи, покажува извештајот на обвинителот Ненад Савески. Дополнително, мерки се применувале и во четири предмети започнати во 2024 година.
Во споредба со претходната година, има пораст од над една четвртина. Во 2024 година ПИМ биле користени во 35 случаи, а во 2023 во 87.
Од 44 нови случаи, два биле иницирани од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а останатите по предлог на МВР. Мерките биле применети кон 365 лица во рамки на 56 кривични предмети.
Најчесто се користело следење и снимање надвор од дом, како и прислушување на комуникации, кои се однесувале на истраги за убиства, дрога, перење пари, корупција и други тешки кривични дела.
Посебни мерки биле применети и за тајно снимање, симулиран поткуп и инфилтрација на прикриени лица.
Најмногу случаи водело ОЈО ГОКК, со 20 истраги, а мерки биле применети и во Скопје, Битола и Штип, додека во Гостивар не биле евидентирани вакви случаи.
