ЛУИС ЕНРИКЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА Не ми е гајле да сум легенда
Тренерот на ПСЖ, Шпанецот Луис Енрике, стигна до својата трета европска титула.

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по подобро изведување на пенали, откако финалниот натпревар заврши 1-1 во регуларниот дел. Во продолженијата не беа постигнати голови. Каи Хаверц го доведе Арсенал во водство во 6. минута, додека Усман Дембеле израмни за ПСЖ во 65. минута од пенал.
Тренерот на ПСЖ, Шпанецот Луис Енрике, стигна до својата трета европска титула. Претходно триумфираше со Барселона во 2015 година, кога во финалето го совлада Јувентус со 3-1, а минатата сезона со ПСЖ славеше убедливо против Интер со 5-0.
По натпреварот, Енрике ги сподели своите впечатоци:
„Имам измешани емоции, главно возбуда и замор. Освојувањето на две првенства по ред е неверојатно. Ова е врвот на сезоната и мислам дека заслужено стигнавме до трофејот. Беше многу тешко. Честитки за Арсенал, одиграа одлично и се обидоа да го контролираат мечот според своите силни страни, но ние победивме. Дали сум легенда? Не ми е важно“, изјави Енрике.
