ЅИДОВИТЕ МОЛЧАТ, 350.000 ЕВРА ЗБОРУВААТ – Судијата „Не сум виновен“, обвинителството „Виновен си“, кој ја зборува виситината?

Обвинението се однесува на 350.000 евра пронајдени заѕидани во семејна куќа во Неготино.

ЅИДОВИТЕ МОЛЧАТ, 350.000 ЕВРА ЗБОРУВААТ – Судијата „Не сум виновен“, обвинителството „Виновен си“, кој ја зборува виситината?
Фото: Национал

Во Кривичниот суд започна судскиот процес против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, откако во семејната куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.

На почетокот од постапката, Ристов изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.

„Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело, имајќи ја предвид правната квалификација“, изјави тој пред судот.

Според обвинението, станува збор за непријавени и неевидентирани 350.000 евра, откриени во шуплини во ѕид од кујната на семејниот дом. Парите биле поделени во 13 пакувања и сокриени зад цигли и кујнски елементи.

Случајот се отвори по апсењето на поранешен државен правобранител и адвокат Фехми Стафа, кој бил фатен при примање 50.000 евра. Во истрагата, тој посочил дека парите биле наменети за судијата Ристов, со цел посредување за укинување на мерка притвор.

Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор истакна дека Обвинителството ќе докажува оти Ристов го прикривал својот имот и дека пронајдените средства немаат законско потекло. Таа наведе дека сумата е еквивалентна на околу 450 просечни плати и најави докази за кривични дела „перење пари“ и „трговија со влијание“.

Одбраната, предводена од адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, ги отфрли обвиненијата, тврдејќи дека недостигаат цврсти докази и дека случајот се темели на претпоставки.

Судијката Билјана Коцевска од Одделот за организиран криминал го отвори процесот и го повика обвинетиот да се изјасни.

Во понатамошниот тек од рочиштето, обвинителството и одбраната ги изнесоа своите ставови околу потеклото на парите и законитоста на имотот, при што беше посочено дека истражителите подолго време трагале по средствата пред тие да бидат пронајдени во ѕидот.

Според обвинението, Ристов во период од 2020 година, како службено лице, не пријавувал значаен имот и давал неточни податоци за својата имотна состојба. Обвинителството тврди дека доказите укажуваат на противправно стекнување имот и на перење пари, додека одбраната инсистира дека не постои поврзаност меѓу судијата и пронајдените средства.

ОДБРАНАТА ТВРДИ – Ова дело не важи за судии, заѕиданите 350.000 евра не се на судијата Ристов

ОД КАДЕ СЕ ЗАЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА – Судијата Ристов изјавил дека ги заработиле во семејството со продавање на грозје

CATEGORIES
Share This