ДИПЛОМАТСКИ ПОТРЕС Трамп бара нешто што никој не очекуваше за договор со Иран

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран зависи од поширока регионална нормализација.

ДИПЛОМАТСКИ ПОТРЕС Трамп бара нешто што никој не очекуваше за договор со Иран
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постигнувањето мировен договор со Иран би можело да биде доведено во прашање доколку арапските земји не ги нормализираат односите со Израел.

„Ни го должат тоа“, изјави Трамп на состанокот на неговиот кабинет во Белата куќа.

Тој алудира на арапските држави што сè уште не се приклучиле кон договорите, додавајќи дека нивното вклучување би било „историски чекор“, пренесува Sky News.

Неговиот специјален пратеник Стив Виткоф нагласи дека активно работи на преговори со сите засегнати страни.

„Не сум сигурен дека треба да постигнеме договор ако тие не го потпишат“, додаде Трамп.

Американскиот претседател не прецизираше дали евентуалниот договор со Иран би бил директно поврзан со проширувањето на Абрахамовите договори, иницирани за време на неговиот прв мандат.

Тие договори досега доведоа до нормализација на односите со Израел од страна на Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан.

CATEGORIES
Share This