СМРТОНОСЕН ПОЖАР Животот го загуби 85- годишна жена во Пинтија
Пожарот избувнал ноќеска во семејна куќа во скопската населба Пинтија, причините засега се непознати.

Фото: Принтскрин
Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата за пожарот била добиена во 01:48 часот. Огнот избувнал во дом во сопственост на С.К. (45), во кој живеела и нејзината мајка М.В. (85), која за жал починала.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се утврдени.
CATEGORIES Македонија
