ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНА НАЈПРЕСТИЖНАТА ФЕСТИВАЛСКА МАНИФЕСТАЦИЈА Фолк Фест Валандово 2026
Наградата за животно дело годинава ќе ѝ биде доделена на Блага Петреска, една од најзначајните интерпретаторки на македонската народна музика.

Вечерва во Валандово започна 39. издание на Фолк Фест Валандово 2026, најпрестижната фестивалска манифестација за новокомпонирана народна музика во Македонија, која денес и утре повторно ќе го претвори Валандово во центар на македонската песна.
Фестивалот започна вечерва со предфестивалска вечер на градскиот плоштад во Валандово, каде публиката ќе има можност повторно да ги слушне најголемите валандовски хитови во изведба на Блага Петреска, Елена Велеска, Кате Соната, Христијан Божинов, Мишко Крстевски и Марјан Коцев, со музичка придружба на оркестарот на „Мерак Меана” и мини концерт на Влатко Миладиноски.
Големата фестивалска вечер ќе се одржи утре, во среда, во салата „Јанко Узунов” со почеток во 20.30 часот и директен пренос на МТВ 1, каде ќе бидат изведени 20 нови композиции.
На главната натпреварувачка вечер ќе настапат Софија Пуровска, Дејан Николоски Чуле, Ивана Наумова Каранфилов, Стефан Илиќ од Србија, Габриела Новевска, групата Распеани Валандовчани, Лени Партикова, Горан Тодороски, Ивана Серафимовска, Горан Тодоровски, Ангела Влинтовска, Нино Величковски, Василија Петрова, Драган Даце Николовски, Благица Калева, Мишко Крстевски, Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд, Благоја Грујовски, Смиља Митревска и Христијан Божинов Кико, кои пред публиката и телевизиските гледачи ќе изведат 20 нови композиции во духот на современата македонска народна музика.
Годинешниот слоган на фестивалот е „Да ни е жива песната македонска!”, инспириран од рефрен на Војо Стојановски, како порака за зачувување и продолжување на македонската музичка традиција.
Наградата за животно дело годинава ќе ѝ биде доделена на Блага Петреска, една од најзначајните интерпретаторки на македонската народна музика.
Главни домаќини на фестивалската вечер ќе бидат Ели Танасковска и Зоран Ѓоргиев, додека Снеже Велков ќе биде дел од „ред карпет” сегментот, а Дени Нунов ќе известува позади сцената. Водителките се облечени во креации на Ателје Жана Брајдал и Елена Лука.
Генерален покровител на фестивалот е Министерството за култура и туризам.
Спонзори на фестивалот се Бони Интерградба, Евроградба Инженеринг, Агенција за патување Ескејп Травел, Рентал Медија Груп Струмица, Клиниката „Жан Митрев”, Дим Комерц Валандово, Виена Петрол Јосифово и Конти Хидропласт Гевгелија.
Помагатели и поддржувачи на фестивалот се Империјал Тобако АД Валандово, Фук-Так Дојран, Фанси Корнер Валандово, Марјан Ринго ДООЕЛ Брајковци, Џови Компани, ВСГ Инвест ТИМ Гевгелија, ЕКОСТО ДОО Стојаково, ПУКЕТ Консалт Струмица, Сигал Струмица, Викмар Транспорт Удово, Еурогрил Јосифово, Винарија Вардарска Долина, Оскар М Струмица, Гарден Цвет Струмица, Вивитек Гевгелија, Premium Logistic Valandovo и Златара Вива Инес, која го обезбедува признанието за животно дело.
Фолк Фест Валандово 2026 годинава се реализира со современа сценска и телевизиска продукција, со јасна цел македонската песна да продолжи да живее, да се пее и да создава нови генерациски хитови.
Фолк Фест Валандово 2026
Да ни е жива песната македонска!
ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2026 Објавени рефрените од сите 20 песни
