МИЦКОСКИ СО КРАЈНА ПОРАКА ДО БРИСЕЛ Македонија нема повеќе да попушта
Премиерот порача дека Македонија нема да прифати нови идентитетски отстапки на патот кон ЕУ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Охрид порача дека стратешка цел на државата останува членството во Европска Унија, но оцени дека евроинтегративниот процес неправедно е претворен во билатерално прашање, наместо да се темели на Копенхашките критериуми и заслугите на државата.
Тој истакна дека Владата ќе продолжи да се фокусира на домашните реформи, Планот за раст и Реформската агенда, нагласувајќи дека Македонија според оценките на Европската комисија е меѓу најуспешните земји во регионот.
Мицкоски информираше дека со Пленковиќ бил потпишан Договор за стратешка соработка меѓу двете влади, кој, како што рече, претставува „повеќе од дипломатски акт“, а европската интеграција била една од клучните теми на разговорите.
Премиерот порача дека Владата нема да прифати нови идентитетски отстапки и дека е подготвена да ја плати политичката цена за зачувување на националните интереси. Според него, билатералните спорови и притисоците од одредени земји-членки на ЕУ се главната пречка за напредокот на државата на европскиот пат.
Тој додаде дека Македонија одамна го заслужила своето место во ЕУ, но оцени дека претходната влада дополнително го усложнила процесот со прифаќање барања кои, според него, не биле во интерес на државата.
Мицкоски посочи и дека Акцискиот план за малцинства е подготвен и дека се очекува зелено светло од Брисел за да влезе во официјална владина процедура.
СИЛНО ПАРТНЕРСТВО Македонија и Хрватска потпишаа стратешки договор
