МУРИЊО СЕ ВРАЌА ВО РЕАЛ Еден човек може да го сруши договорот

Португалскиот стратег е на чекор до сензационално враќање во Мадрид, но изборите во клубот може целосно да го променат сценариото.

МУРИЊО СЕ ВРАЌА ВО РЕАЛ Еден човек може да го сруши договорот
Фото: Принтскрин

Жозе Мурињо е сè поблиску до сензационално враќање на клупата на Реал Мадрид, но неговото назначување ќе зависи од исходот на претседателските избори во клубот. Според шпанските медиуми, португалскиот стратег веќе постигнал начелен договор со актуелниот претседател Флорентино Перез за двегодишна соработка, со можност за продолжување на уште една сезона доколку биде освоена Ла Лига.

Сепак, конечниот потпис е ставен во мирување до завршувањето на изборниот процес. Доколку Перез не ја задржи функцијата, Мурињо би можел да се насочи кон друг клуб, бидејќи не планира да остане на клупата на Бенфика.

Како главен противкандидат на Перез се споменува Енрике Рикелме, чија кандидатура за претседател на мадридскиот гигант неодамна беше официјално потврдена.

Шпанските медиуми откриваат и дека Мурињо поставил неколку јасни услови за својот втор мандат во Мадрид. Покрај долгорочен договор, тој бара и поголемо влијание врз трансфер политиката, како и целосна слобода при изборот на својот стручен штаб. Португалецот инсистирал и на поголема контрола врз секојдневното функционирање на тимот, што би можело да донесе значителни промени во организацијата на клубот.

Мурињо претходно го водеше Реал од 2010 до 2013 година, период во кој освои титула во Ла Лига, Куп на кралот и Суперкуп на Шпанија, оставајќи силен тактички и резултатски белег.

Дополнителна драма внесе и информацијата на „Марка“ дека денес е клучен ден за целата операција. Имено, Мурињо при доаѓањето во Бенфика во септември 2025 година вклучил специјална клаузула во договорот, според која можел да замине без обештетување во рок од десет дена по последниот натпревар од сезоната.

Тој рок истекува вечерва на полноќ. Доколку Реал не реагира навреме, клубот би морал да плати повеќе од седум милиони евра обештетување за тренерот, чиј договор со Бенфика трае до 2027 година.

Португалските медиуми дури тврдат дека Мурињо синоќа пристигнал во Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите дека неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“ е прашање на часови.

CATEGORIES
Share This