СЕ СУДИРААТ ГИГАНТИТЕ Олимпијакос и Реал Мадрид во битка за европската круна

Финале кое го одредува новиот владетел на Евролигата.

СЕ СУДИРААТ ГИГАНТИТЕ Олимпијакос и Реал Мадрид во битка за европската круна
Фото: Принтскрин

Олимпијакос и Реал Мадрид вечерва ќе го одиграат финалето на Евролигата, во кое ќе се одлучи новиот европски шампион. Завршниот натпревар од „Фајнал фор 2026“ ќе се одржи во арената Т-Центар во Атина, со почеток во 21:00 часот.

Грчкиот претставник Олимпијакос ќе се обиде да стигне до својата четврта титула во историјата на Евролигата, додека Реал Мадрид, најуспешниот клуб во натпреварувањето, ќе атакува на 12. европска круна.

Правдата на финалето ќе ја дели судиската тројка во состав: Сретен Радовиќ, Роберт Лотермозер и Олегс Латишевс.

Олимпијакос влегува во натпреварот комплетен, без повредени играчи, што му овозможува на тренерот Георгиос Барцокас да смета на целиот ростер. Тоа претставува значајна предност пред најважниот меч во сезоната.

Од друга страна, Реал Мадрид има проблеми со повреди и ќе настапи ослабен, без Усман Гаруба, што ги ограничува опциите под кошот. Тренерот Серџо Скариоло ќе мора да прави тактички прилагодувања во пресрет на дуелот.

Статистиката од регуларниот дел покажува дека двата тима имаат слично силни сезони, но со различни стилови на игра, што најавува неизвесно финале во кое одлучувачки можат да бидат ситни детали.

Олимпијакос сезоната ја заврши на првото место со биланс од 26 победи и 12 порази, демонстрирајќи стабилност и форма во клучните моменти.

Реал Мадрид беше трет на табелата со 24 победи и 14 порази, потврдувајќи уште еднаш дека останува еден од најсилните и најискусни европски тимови.

Ова ќе биде нивен трет меѓусебен дуел сезонава. Во регуларниот дел од Евролигата, двата тима забележаа по една победа , Олимпијакос славеше убедливо во Атина со 102:88, додека Реал Мадрид беше подобар на домашен терен со 89:77.

CATEGORIES
Share This