ВУЧИЌ СТАБИЛЕН ПО ЗДРАВСТВЕНИTE ПРОБЛЕМИ ВО САД Доктор Динкиќ открива детали за болката во градите

Претседателот Вучиќ, почувствувал силна болка во градите за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош

ВУЧИЌ СТАБИЛЕН ПО ЗДРАВСТВЕНИTE ПРОБЛЕМИ ВО САД Доктор Динкиќ открива детали за болката во градите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес беше примен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, каде што беше извршен медицински преглед по неговото враќање од САД. Според д-р Драган Динчиќ, здравствената состојба на Вучиќ е задоволителна и стабилна, а терапијата која претседателот ја примал поради висок крвен притисок, сега е коригирана.

Претседателот Вучиќ, почувствувал силна болка во градите за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош. Според изјавата на д-р Драган Динчиќ, докторот кој го следи здравјето на Вучиќ, оваа болка била краткотрајна, но силна, траејќи само неколку секунди.

„Претседателот Вучиќ имал слични поплаки во изминатите неколку години, но не и во последните 10 години. Болката беше поврзана со висок крвен притисок“, изјави д-р Динчиќ, појаснувајќи дека притисокот на Вучиќ бил измерен на 165/98 при примањето на дополнителната терапија.

По оваа интервенција претседателот се чувствувал подобро и, иако лекарите во САД препорачале продолжување на медицинскиот надзор, Вучиќ одлучил да се врати во Србија.

„Терапијата беше коригирана и на ВМА беа извршени дополнителни прегледи. Неговата здравствена состојба сега е стабилна и задоволителна. Председателот нема проблеми и се чувствува добро“, додаде д-р Динчиќ.

Вучиќ беше пречекан на Военомедицинската академија (ВМА) од министерот за здравство Златибор Лончар и генералниот бригадир д-р Драган Динчиќ. Според последните информации, претседателот се очекува да ја напушти ВМА во наредните часови, но не се очекува да се врати на редовни работни активности во следните неколку дена.

Потсетуваме дека на Вучиќ ненадејно му се слоши за време на посета на Соединетите Американски Држави, по што побара медицинска помош и донесе одлука да се врати во Србија. Во тој момент, во собата со него беа министерот за финансии Синиша Мали и Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на претседателот на Србија. Заради неговото здравје, претседателот не беше во можност да присуствува на главните настани на кои беше планирано да учествува.

CATEGORIES
TAGS
Share This