РУТЕ СО ДРАМАТИЧНА ПОРАКА – Доаѓа крај на американската заштита во Европа

Генералниот секретар на НАТО предупредува дека европската безбедност е премногу зависна од САД.

РУТЕ СО ДРАМАТИЧНА ПОРАКА – Доаѓа крај на американската заштита во Европа
Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Европа не смее премногу да се потпира на САД кога станува збор за безбедноста, оценувајќи дека таквиот однос „не е здрав“ и дека европските земји мора значително повеќе да инвестираат во сопствената одбрана.

Говорејќи на безбедносниот форум GLOBSEC Forum, Руте порача дека најавените промени и можното повлекување на дел од американските сили од Германија и Полска нема да влијаат врз одбранбените планови на НАТО. Според него, Вашингтон постепено го пренасочува фокусот кон Азија, но тоа се прави внимателно за да не се наруши одбранбената моќ на Алијансата.

Руте се осврна и на инцидентот со дронот што вчера беше соборен во воздушниот простор на Есртонија, за кој постојат сомневања дека станува збор за украинско летало пренасочено поради руско електронско попречување. Тој истакна дека НАТО мора постојано да биде подготвен за сите можни сценарија и дека реакцијата на Алијансата покажала високо ниво на подготвеност.

Во однос на најавите за „ребалансирање“ на американските сили во рамки на НАТО, Руте порача дека не гледа причина за загриженост и оцени дека процесот е дел од поширока и однапред планирана стратегија. Според него, токму затоа земјите-членки веќе работат на зголемување на трошоците за одбрана и зајакнување на европската безбедносна автономија.

CATEGORIES
Share This