АЛАРМ ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ Пороен дожд, грмежи и ветер над 60 km/h

Метеоролозите најавуваат локално интензивни процеси со обилен дожд, грмежи и силни налети на ветер.

АЛАРМ ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ Пороен дожд, грмежи и ветер над 60 km/h
Фото: Национал

Времето денеска (22.05.) на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура во интервал од 7 до 25 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This