68-ГОДИШНАТА ШЕРОН СТОУН БЛЕСНА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА – Фустан за кој сите зборуваат
Холивудската легенда повторно во центарот на вниманието на Канскиот фестивал.

Шерон Стоун, на 68 години, продолжува да важи за една од највпечатливите холивудски ѕвезди, која одамна ја надминала улогата на актерка и се позиционирала како модна икона. И во својата седма деценија од животот, таа привлекува големо внимание со својот изглед, стил и ставови, кои ја одржуваат меѓу најзабележителните и најкоментираните жени во светот.
На Канскиот фестивал, таа повторно беше во центарот на вниманието, особено за време на премиерата на филмот „Фјордови“. За оваа свечена пригода избра впечатлива гламурозна креација од брендот Miss Sohee (колекција 2026), истакнувајќи дека не ги следи модните правила, туку ги поставува.
Фустанот беше богат со рачно изработени детали и монистра кои создаваа впечаток на приказна во ткаенината, додека кројот ја нагласуваше нејзината фигура и му даваше драматичен, луксузен изглед.
И покрај построгите модни правила на фестивалот, вклучително и ограничувања за облека што го отежнува движењето на црвениот тепих, Шерон Стоун не се откажа од својот впечатлив стил и повторно се појави во издание кое привлече големо внимание.
