ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА БЕЗ САД – ЕУ размислува за алтернатива на НАТО

Тајни воени планови веќе се подготвуваат, а Вашингтон го намалува присуството во Европа.

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА БЕЗ САД – ЕУ размислува за алтернатива на НАТО
Фото: Принтскрин

Поради сè поизразениот став на САД за намалување на военото присуство во Европа, земјите-членки на Европската Унија сè посериозно размислуваат за создавање безбедносна алтернатива на NATO, пишува британскиот магазин Економист.

Според анализата, неколку европски армии веќе подготвуваат доверливи планови за изведување воени операции без директна поддршка од САД, па дури и без дел од командната инфраструктура на НАТО.

Во меѓувреме, Пентагон потврди намалување на американското воено присуство на континентот. Портпаролот Шон Парнел изјави дека бројот на американски борбени бригади во Европа е намален од четири на три.

Дополнително, CNN објави дека шефот на Пентагон, Пит Хегсет, откажал две ротации на американски трупи во Европа и наредил дополнително кратење на персоналот.

CATEGORIES
TAGS
Share This