НЕВЕРОЈАТЕН ОБИД ЗА ШВЕРЦ – 10 килограми марихуана сокриена меѓу прехранбени намази
Неофицијално, македонски државјани со рент-а-кар возило се обиделе да ја пренесат кон Грција.

Фото: Принтскирн
На граничниот премин кај Дојран, според неофицијални информации, полицијата спречила обид за шверц на околу десет килограми марихуана, која била сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази.
Неофицијално, македонски државјани со изнајмено возило се обиделе дрогата да ја пренесат кон Грција.
Марихуаната била распоредена во околу 50 пластични кутии, со цел да се избегне откривање при граничната контрола.
Надлежните засега не излегуваат со официјални информации, а повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.
CATEGORIES Македонија
