ОБЈАВЕН ПОРТУГАЛСКИОТ СОСТАВ ЗА МУНДИЈАЛОТ – Од Роналдо до трогателен потег што расплака фанови

Европскиот шампион од 2016 година во Групата К ќе се соочи со ДР Конго, Колумбија и Узбекистан.

ОБЈАВЕН ПОРТУГАЛСКИОТ СОСТАВ ЗА МУНДИЈАЛОТ – Од Роналдо до трогателен потег што расплака фанови
Фото: Принтскрин

Официјално е објавен составот на фудбалската репрезентација на Португалија за претстојниот Мундијал, кој летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

На чело на тимот се наоѓа 41-годишниот Кристијано Роналдо, кој се очекува ова да биде негово последно учество на светските првенства.

Посебно внимание привлекува и одлуката во составот постхумно да биде вклучен и Диого Жота, трагично починатиот фудбалер, како симболичен гест на почит кон неговото наследство.

Португалија, европскиот шампион од 2016 година, е дел од Групата К, каде ќе се соочи со селекциите на ДР Конго, Колумбија и Узбекистан.

CATEGORIES
Share This