РАЈАНЕР БАРА 25 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ПО СЕДИШТЕ – Владата вели условите се невозможни

ладата моментално доделува 9 евра по патник за Скопје и 12 евра за Охрид.

РАЈАНЕР БАРА 25 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ПО СЕДИШТЕ – Владата вели условите се невозможни
Фото: Принтскрин

Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека условите што нискобуџетниот авиопревозник Ryanair ги поставува за влез на македонскиот пазар се неприфатливи.

Тој појасни дека компанијата бара субвенција од 25 евра по седиште, што е значително повеќе од актуелните државни субвенции. Според Николоски, во моментов државата издвојува 9 евра по патник за Скопскиот аеродром и 12 евра за Охридскиот аеродром, што, како што рече, се меѓу повисоките субвенции во регионот и веќе даваат резултати со отворање на 28 нови дестинации во последните две години.

Тој додаде дека дополнителните барања на компанијата вклучуваат приоритетно опслужување на нивните летови, како и укинување на дел од постоечките авио линии во земјата.

CATEGORIES
Share This