ИРАНСКИ ХАКЕРИ УДИРААТ ВО САД – Бензинските пумпи под сајбер напад, паника во неколку држави

Менувани податоци на екраните, но реалното ниво на гориво останало непроменето.

ИРАНСКИ ХАКЕРИ УДИРААТ ВО САД – Бензинските пумпи под сајбер напад, паника во неколку држави
Фото: Принтскрин

Американските власти се сомневаат дека зад серијата упади во системите за следење на нивото на гориво во резервоарите на бензинските пумпи во неколку сојузни држави стојат ирански хакери, пренесува ексклузивно Си-Ен-Ен.

Според извештаите, напаѓачите ги искористиле автоматизираните ATG системи за мерење, кои биле поврзани на интернет без соодветна заштита, вклучително и недостиг од лозинки. На тој начин успеале да ги менуваат податоците што се прикажувале на екраните, без притоа да влијаат врз реалната количина на гориво во резервоарите.

Ваквите сајбер инциденти предизвикале сериозна загриженост за безбедноста, бидејќи евентуален подлабок пристап до овие системи би можел теоретски да овозможи прикривање на истекување или други опасни дефекти.

Доколку се потврди вмешаноста на Иран, ова би претставувало уште еден случај на сајбер закана насочена кон критичната инфраструктура во САД.

Инаку, уште во 2021 година „Скај Њуз“ објави дека во внатрешни документи на Корпусот на исламската револуционерна гарда ваквите ATG системи биле споменати како потенцијална цел за деструктивни сајбер напади врз бензински пумпи.

CATEGORIES
Share This